A11UDZNM / Во ЕЛС Желино покрај стариот магистрален пат Скопје – Тетово се изведува проект за водоводна инфраструктура. Ископан е ров длабок околу 2 метри и во него се поставува цевка за вода. Ние граѓаните сме загрижени бидејќи во истиот ров се става и високонапонски кабел со голем пресек, а за ова нема спомен во проектот.
Документација за активностите на проектот побаравме од надлежните во ЕЛС Желино но не ни ја дадоа, за да се увериме дека сето ова е според прописите и во согласност со ЕВН. Н.Н.
Transparency International Macedonia (Sep 25 2012)
Почитуван Н.Н,
во прилог ви го доставуваме известувањето од Министерство за локална самоуправа.Документот можете да го погледнете следејќи го линкот подолу:
http://www.scribd.com/doc/106916154/Document-No-0302-1042-A11UDZNM
Оставете коментар