Здраво, Сакам да ве прашам дали постапувате во случаеви кога е потребна заштита од нестручно, неправилно и незаконско постапување од страна на судија, и ако постапувате, каква е постапката за поднесување на барање во врска со тоа?
Почитувани,
Во однос на Вашата пријава која се однесува на нестручно и несовесно постапување од страна на судија, Вашата претставка може да ја поднесете до Судски совет како орган кој е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и институциите за работата на судиите, и судовите.
За дополнителни информации слободно може да не контактирате на нашиот телефонски број 02 321 7000 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
Со почит,
Оставете коментар