Во Радовиш пред 3 година одговорен службеник ме уценуваше и ми бараше мито 15% за да ми потпише ситуација за извршени градежни работи.
Случајот го пријавив во полиција во С.
Полицијата побара од мене да извадам од сметката на мојата фирма 43 200 денари кои ги однесов во полицијата каде парите беа обележани.
При давањето на парите лицето беше уапсено од полицијата при што кај него беа пронајдени парите.
Од судот му беше одреден притвор.
За време на истрагата и за време на судењето јас како сведок бев изложен на многу притисоци , малтретирање меѓутоа одговорнотно лице беше прогласено за виновено и осудено на 1 година затвор. Казната му беше зголемена во Апелациониот суд во Ш. на 18 месеци.
Денес ова лице е член на Комисија за Јавни набавки во ЕЛС Радовиш.
Transparency International Macedonia (Sep 27 2012)
Ви благодариме за пријавата.
Во актелниот Закон за Јавните набавки нема оддредба која пропишува член на комисија за јавни набавки да не биде осудуван за корупција. Наводите истакнати во вашата пријава ќе ги имаме во предвид во иднина за поднесување на Иницијатива до Владата на Република Македонија како и до Законодавно - правната комисија на Собраните на Република Македонија за поставување на одредени ограничувања во врска со членовите на Комисиите за јавни набавки. Согласно став 1 точка 3 од член 203 на Законот за Јавните Набавки Собранието на Република Македонија разрешува член на Државната Комисија по жалби за јавните набавки ако со правосилна пресуда е осуден на безусловна казна затвор најмалку шест месеци.
Оставете коментар