Со оваа пројава не би посочила име (сеуште но набргу ќе биде објавено)..имено доставувам информација за која веќе сите или барем мнозинството кај нас е запознаено со целокупната слика на судскиот систем, како и начинот на кој истиот функционира. Имено веќе во неколку наврати добивам писмена судска одлука, која е лажна, и е потпишана од страна на судија кој воопшто нема ингеренции и овластување да го стори истото..Прво.бидејќи судијата припаѓа на основен суд во друг град во државава, а не во рамки на судот од каде e усвоена лажната одлука. Второ- судијата на кому ги проверив и детално ги разгледав професионалнате ангажмани(години наназад), нема воопшто никаква допирна точка со ресорот, или правната област на која припаѓа мојот спор....Така да под влијание на трето лице (за мене познато) судијата потпишува одлука која е НЕВАЛИДНА и Казнива според закон (губење на службена должност или во најмал случај суспензија од истата)и секако како кулминација на злоупотреба се користи и службен печат на правна институција (казниво со губење на службена должност)....Секако како сублимат би се извело следново- И покрај сите напори (ненапори) да се промени судкиот систем кај нас, сеуште владее неморална корупција и безаконие...бараме праведност онаму каде најмалку ја Има...парадокс на државава и жалосно што такви манипуланти сеуште работат во најважните и највлијателните институции, жалосно што сите гледаат а никој не посегнува понив....жалосно што праведноста останува само чиста апстракција..
Оставете коментар