Dobar den
me interesira-dali smee rabotodavec da odjavi vraboteni vo dadenava situacija(korona virus)poradi koja rabotnicite se na kolektiven odmor,radi istata i dobivaat izvestie deka se odjaveni.???
Dali e toa zakonski??
Transparency International Macedonia (Apr 14 2020)
Постапката за откажување на договорот на вработување од страна на работодавач може да се случи од повеќе причини, и во соодветна постапка. Во вашиот случај се претпоставува дека е тоа од економски (деловни) причини на работодавачот. Секако дека согласно Законот за работни односи имате право да бидете претходно известени за одлуките за престанок на договорите, но важно е дали вашите договори за вработување беа на неопределено или определено време, односно дали договорите истекуваа во овој период. Во продолжение се наведени одредби од законот за работни односи кои се однесуваат на отажување на договорот за вработување од страна на работодавачот и правата на работникот:
Согласно Законот за работни односи (ЗРО) отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување при што отказот на договорот за вработување работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа. Во вашиот случај вие сте добиле известување, а одлуката за отказот не сте ја добиле. Согласно ЗРО Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма. Работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон. Во однос на минималниот законски отказен рок ако работодавачот го откажува договорот за вработување на поединечен работник или на помал број работници отказниот рок е еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај работода-вачот пред престанокот на работниот однос.
Против одлуката за отказ на договорот за вработување без отказен работникот има право на приговор до органот на управување или работодавачот.
Меѓутоа поради вонредноста на состојбите поврзани со Ковид 19, најдобро е да се обратите кај вашиот работодавач и да ја побарате одлуката за отказ, како и доколку има незаконитости да пријавите во Државниот трудов инспекторат. Линк до пријава од познат или анонимен подносител http://dit.gov.mk/?page_id=202.
Согласно мерките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци.
https://koronavirus.gov.mk/merki/ekonomski-merki/merka-4
Со почит,
Оставете коментар