Во два наврати праќам пратка преку Х со откуп, пратката е доставена, од купувачот се земени пари, но јас како праќач не можам да ги земам средствата. Првата нарачка е од јули месец, сеуште не ми имаат исплатено, за жал ливчето не го имам кај себе, но ме има кај нив во систем. Додека за втората нарачка ме нема ни во систем, кај нив не постои таква нарачка. Но јас го имам ливчето, девојчето ја има подигнато нарачката, доставена е значи, само кога јас треба да земам откуп пратката не постои. Ве молам за совет и каде да ги пријавам.